ЗНМ бара казни за обезбедувањето на Груевски

by fokus

Здружението на новинари на Македонија бара најостри казни за двајцата припадници на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на Телевизијата 21 и присилија новинар да избрише снимки од мобилен телефон.

ЗНМ денеска до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи достави и претставка, во коjа бара да покрене дисциплинска постапка против двајцата припадници на обезбедувањето.

Здружението бара МВР да ги утврдите сите околности на настанот и најостро да ги казни припадниците на обезбедувањето на Груевски за незаконско и непрофесионално постапување.

Во писмото се истакнува дека бришењето снимки на новинари е чин на цензура, а освен тоа се потенцира дека Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е јавна личност и новинарите имаат право да го снимаат на јавен простор.

Поврзани новости