Со тесна разлика, Собранието го спаси Иванов

by fokus

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“,  денеска беше отфрлен предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.

За предлогот за импичмент да биде прифатен, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов од функцијата претседател.

Предлогот беше поднесен од пратениците на СДСМ и ДУИ, поради одлуката на претседателот за колективна аболиција и за истиот во Собранието се расправаше пет дена.

Во расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека иницијативата на опозицијата е неоснована, а од опозицијата бараа претседателот да сноси одговорност за колективното помилување да си поднесе оставка.

Претходно и собраниската Комисија за оценување на оправданоста за покренување одговорност на претседателот го оцени Предлогот како неоснован.

Поврзани новости