СДСМ: Трајановски не може да се помири дека целиот град е кренат на нозе

by fokus 17:32
17:32

Од опозицискиот СДСМ реагираа на денешната изјава на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски кој ги осуди протестите на Шарената револуција, бидејќи како што рече, го држеле во заложништво главниот град.

„Скандалозната изјава на Коце Трајановски само го покажува стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски од граѓаните. Десет години Градот Скопје целосно е ставен во функција на болната потреба за раскош и за луксуз на Никола Груевски. Десет години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат Скопје. Затоа скопјани се на улиците против режимот на Груевски. Тоа е болката на Груевски и на Трајановски“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости