Здружението на новинари на Македонија бара најостри казни за двајцата припадници на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на Телевизијата 21 и присилија новинар да избрише снимки од мобилен телефон.
ЗНМ денеска до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи достави и претставка, во коjа бара да покрене дисциплинска постапка против двајцата припадници на обезбедувањето.
Здружението бара МВР да ги утврдите сите околности на настанот и најостро да ги казни припадниците на обезбедувањето на Груевски за незаконско и непрофесионално постапување.
Во писмото се истакнува дека бришењето снимки на новинари е чин на цензура, а освен тоа се потенцира дека Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е јавна личност и новинарите имаат право да го снимаат на јавен простор.