„Златна бубамара” ќе добие и стрип

by fokus

Најпопуларната манифестација на домашната сцена – Златната бубамара на популарноста 2023 – е во фаза на завршното дотерување на овогодишната 26-та церемонија што ќе се одржи на 16-ти март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во духот на штедењето како главна одлика на изминатата година, овогодишното мото на Златната бубамара е „Да ги наполниме батериите на евтина струја“ (со подваријанта „… или на скапа тарифа“), а штедливоста и енергетската ефикасност на свој, сатиричен и хумористичен, начин ги обликуваа скечовите и содржините на овогодишниот спектакл.

-Енергетски ефикасниот штаб кој ја подготвува манифестацијата, како и секогаш, ги чува содржините во врвна тајност, но ги најавува најголемите естрадни и спортски ѕвезди – од домашната и регионалната сцена.

Веќе се објавени и двата постери за овогодишната 26-та Златна Бубамара. Едниот со мотото на овогодишниот спектакл го изработи нашиот традиционален соработник, графичкиот дизајнер Ласко Ѓуровски, а другиот постер – со остарените и залежани суперхерои кои нестрпливо ја чекаат Златната Бубамара за да се размрдаат – го изработи младиот стрип-цртач Никола Димов. Како екстра додадена вредност – годинава Златната бубамара ќе добие и стрип!

Како и секоја година, интересот за билети е огромен. Речиси 90 проценти од пуштените билети во продажба се веќе продадени, но на барање на публиката се пуштени во продажба последните 300 билети-информираат од организацијата на настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости