Првиот човек на Управата за санкции: Во затвор има луѓе што спијат во ходник, на душек

by Fokus

Директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ денеска во гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека македонските затвори се пренатрупани.

„Елаборирав со податоци дека е точно дека се пренатрупани затворите, имајќи во предвид дека во затворите има 2100 кревети, а на лице место имаме 2260 осудени лица. Понекогаш се чудам како директорите успеваат да ги сместат лицата во установата и да ги имаат на број“ вели Стојановиќ по критиките на новиот министер за правда, Кренар Лога дека состојбата во нашите затвори е алармантна.

Стојановиќ информираше дека во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари има 135 кревети, а во моментов таму одлежуваат казна 226 осудени лица.

„Јас таму бев 9 години од мојот работен век и мора да се направи нешто за да се релаксира. Во „Шутка“ не спијат на под, но во КПУ „Идризово“ има таква појава бидејќи физички нема каде да сместиме кревети. Има некаде 40-60 лица кои спијат во ходник на душеци“ информираше Јовица Стојановиќ.

Поврзани новости