Зијадин Села испратил нон пејпер до ЕУ

by fokus

Првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села испратил Non Paper до високите функционери на Европската унија. Тој  ги информира за конструктивната улога на Алијансата со поддршка на сите процеси поврзани со интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ со нивното гласање за прифаќање на уставните измени поврзани со Преспанскиот договор, соопштија од партијата.

Од Алијанса за Албанците додаваат дека Села излазил загриженост за недостатокот на подготвеност на оваа Влада, која не презела доволен број мерки, за да се исполнат барањата на ЕУ за воспоставување на владеење на правото.

Претседателот Села во документот “Напади на СДСМ – ДУИ врз владеењето на правото, кршење на европските вредности во име на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ”, дава сериозни забелешки на владата на СДСМ – ДУИ, која покажа неуспех во клучните прашања во врска со демократските и процесите за интегрирање на земјата кои се клучни за препораките на ЕУ за добивање на датум за преговори на Северна Македонија со ЕУ:

– одговорноста за нападот на 27 април 2017 во Собранието;
– реформите во судството и проактивни истраги, обвиненија и конечни пресуди во случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и високото ниво на криминал откриени од незаконското прислушкување;
– реформата на службите за разузнавање и безбедност и
– реформа на јавната администрација.

Поврзани новости