Директорот на скопската ЗОО дел од тимот кој ќе ја организира кампањата на Пендаровски

by fokus

Ѓорѓи Галетановски, актуелниот директор на скопската Зоолошка градина, е дел од тимот кој ќе ја организира кампањата на претседателскиот кандидат на СДСМ и владината коалиција Стево Пенадровски.

Од партиски извори дознаваме дека раководството на СДСМ одлучило тој да биде одговорен за централниот штаб во Скопје. Галетановски е партиски кадар, член на ИО на градската организација на СДСМ, кој досега успешно се покажа на функцијата директор на скопската зоолошка.

Тој за „Фокус“ ја потврди информацијата.

-Да, ќе бидам одговорен за штабот во Скопје и чест ми е што раководството ми ја додели оваа функција. Сигурен сум дека Пендаровски ќе победи со многу голема разлика, вели Галетановски.

Поврзани новости