Угаснат шумскиот пожар на македонско-бугарската граница

by fokus

Шумскиот пожар кој два дена гореше во граничниот појас со Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, утрово е угаснат, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

-Наши екипи, кои заедно со СВР Струмица, општина Ново Село и ТППЕ Струмица учествуваа во гаснењето на пожарот утрово констатираа дека пожарот е угаснат и нема можност да се прошири подлабоко во граничниот појас кон Бугарија, рече Никола Ристов од ШС „Беласица“ Струмица.

Општина Ново Село вчера формираше Кризен штаб, а во гаснењето на пожарот, кој гореше во должина од три километри, учествуваа педесетина лица.

Во пожарот изгoре ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.

Поврзани новости