Зибери: Опозицијата треба најмногу да бара избори за надминување на неподносливата ситуација

by Фокус

Поранешниот пратеник Насер Зибери во „360 степени“ на Алсат изјави дека ако сите домашни и меѓународни фактори се договорат изборите да се одржат во текот на летото, ВМРО-ДПМНЕ ќе има проблем да ја одржи позицијата за бојкот.

-Доколку сите елементи одат во прилог на идејата за организирање избори на 21 јуни, за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тешко да го одбрани ставот дека нема услови за одржување избори. Мислам дека ова е неоправдано барање и политички и во правна смисла, но и економски, и во здравствена смисла затоа што земјата ја очекува сериозен предизвик во сите овие димензии што ги истакнав пред малку – смета Зибери.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде првиот субјект кој ќе бара што поскоро избори за да се надмине ваквата, според него, неподнослива ситуација.

-Владата е во оставка, ние сме сега во бесмислена ситуација. Поместувањето на датумот од 21 јуни подразбира и продолжување на вонредната состојба за да нема правна празнина за организирање на изборите. Во спротивно, датумот од 12 април како датум за избори паѓа и немаме орган кој ќе одлучи да ја поништи претходната одлука и да донесе нова одлука. Согласно Уставот тоа го прави претседателот на Собранието, а сега Собранието не функционира – истакна Зибери.

Поврзани новости