Тахири: Рејтингот на СДСМ порасна поради успешно справување со пандемијата

by Фокус

Поради успешното справување на министерот за здравство Венко Филипче со пандемијата има видно зголемување на рејтингот на СДСМ, изјави универзитетскиот професор Сефер Тахири на „360 Степени“.

– Сега СДСМ инсистира што поскоро да оди на избори зашто нејзиниот рејтинг благодарение на министерот за здравство, но без да ги заборавиме и другите актери кои се активни во справувањето со ситуацијата, министерот е само една личност и целиот систем кој се раководи од Влада, колку и да е таа техничка, ние знаеме дека оваа партија заедно со другите партии се носители на власта. А од друга страна предноста што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, односно високиот рејтинг што го имаше ВМРО-ДПМНЕ пред пандемијата во однос на СДСМ или резултатите од анкетите кои покажуваа предност на едната и на другата, сега веќе ја нема – рече Тахири.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повтори грешката од 1994 година, кога ги бојкотираше изборите.

Поврзани новости