Жугиќ: Вежбаше константно, Билјана никогаш не беше задоволна од себе

by fokus

Актерката Јелена Жугиќ денеска присуствуваше на комеморацијата во чест на Билјана Беличанец, која се одржа во Драмски театар. Како што рече Жугиќ, Билјана била посветена актерка и целосно се вложувала во својата работа.

-Страшен професионалец. Доаѓаше два часа пред проба, вежбаше константно. Никогаш не беше задоволна од себе, секогаш копаше, копаше, се бореше. Голем губиток за македонската театарска сцена – изјави Жугиќ за медиумите.

Поврзани новости