Чоревски за Беличанец: Лут сум зошто ова го направи вака

by fokus

На денешната комеморација во спомен на актерката Билјана Беличанец, нејзините колеги во Драмскиот театар зборуваа за нејзиниот опус и дело, но и за нејзе како личност и пријател.

-Кога бев директор во Драмски театар, ја молев да дојде тука. Секогаш знаеше да помогне на другиот. Лут сум зошто ова го направи вака – рече актерот Благоја Чоревски.

-Денес не губиме само колега. Затоа овие разделби се тешки и тажни. Ќе биде во нас и со нас – порача Васил Зафирчев.

-Последната претстава требаше да ја одигра во 2069 година. Вечна ти слава мила моја  – рече на комеморацијата актерката Катерина Коцевска.

Поврзани новости