455
Жителите на улицата Букурешка, во скопската населба Тафталиџе пет пати со ред ги бркаат багерите кои се обидуваат да го срушат зелениот парк и да почнат со копање на темелите на нова петкатница.
Група граѓани и денеска се собраа во паркот и ги избрка работниците и механизацијата.
Последниот обид за рушење на паркот се случи непосредно по поплавите во Стајковце кога багерите наместо да бидат испратени во поплавените подрачја, беа донесени во населбата да го ископуваат паркот.