Тaлески како битолски кабадаја ја напушти Апелацијата

by fokus

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески денеска се појави на втората јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје, на која треба да се одлучи дали ќе му биде продолжена мерката куќен притвор.

Талески повторно тврдеше дека е невин и дека случајот „Транспортер” во кој се сомничи за злоупотреба на општинскиот буџет од 360 илјади евра, е наместен.

– Немаме сторено никаков кривичен прекршок и апсолутно се чувствуваме супериорно затоа што вистината е на наша страна. Јас сум убеден дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат правилна мерка. Ценам дека сето ова почнува да добива еден расплет. Јас сум сигурен дека граѓаните ќе видат дека целата ситуација е наместена. Ќе повторам дека не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет (Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска за Владимир Талески н.з.), овој третиот да биде обвинет дури и за кривичен прекршок – изјави Талески.

Градоначалникот одговарајќи на новинарско прашање потврди дека потпишува службени документи додека е во куќен притвор.

– За жал, многу пријатно се изненадија моите соработници затоа што СЈО уште еднаш дојде да провери дали градоначалникот потпишува. Се разбира дека потпишувам и освен мерката куќен притвор, јас немам ниту една друга забрана – рече Талески.

Поврзани новости