Жителите на Лабуништа се закануваат со тужба во Стразбур, бараат да дишат чист воздух

by fokus

Жителите на струшко Лабуништа се закануваат со тужба против државата пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург. Обвинуваат дека не можат да си го остварат елементарното човеково право да дишат чист воздух. Неколкуте каменоломи, дел од нив сместени на само десеттина метри од некои од куќите, го прават животот овде буквално неподнослив, се жалат селаните, објави Алсат.

„Ние бараме комплетно затворање на сите каменоломи или дислокација што е еден од предлозите на градоначалникот Мерко, што за нас е и тоа решение. Имаме некои барања за бојкот на наставата, за блокирање на град Струга, а можеби и граѓанска непослушност“, изјави Алим Салоски-претседател на еколошко друштво Натуралаб.

Следната недела граѓаните од Лабуништа очекуваат средба со премиерот Заев, по што ќе одлучат за следните чекори кои ќе ги преземат. Некои од нив би можеле да бидат и порадикални.

Лекарите објаснуваат дека последните години драстично е пораснат бројот на заболени граѓани од овој регион од рак на дебелото црево, желудникот и панкреасот.

Поврзани новости