Мицкоски: Можно е да не добиеме датум за преговори со ЕУ

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не верува дека земјава ќе добие датум за отпочнување на преговори со Европската Унија.

-Датумот ќе биде исклучително условен, а според вестите што ги имам, можно е таков датум и да нема. Зошто не е доволно националното понижување што го направија. Нашите партнери гледаат дека во нашава земја владее арамилакот, пустошот. Токму од тие причини, датумот не само што може да биде условен, туку и одложен за други времиња, рече денес Мицкоски.

Тој денеска оствари средба со граѓани во Карпош, како дел од караванот „Обнова на Македонија“.

Поврзани новости