Мицкоски бара предвремени избори, Заев не дава

by fokus

Опозицијата бара предвремени избори и за таа цел преговара за обезбедување на мнозинство во Парламентот за поднесување на таква иницијатива. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека во првиот момент кога ќе бидат сигурни дека имаат 61 глас во Собранието ќе поднесат таква иницијатива.

„За отпочнување на процедурата за предвремени парламентарни избори се потребни 61 глас. Кога беше опозиција Заев бегаше од превремени избори, кога стана власт пак бега од предвремени, еднаш викаше ако нема датум ќе распише предвремени, сега и од тоа бега“ изјави Мицкоски.

Од друга страна пак, премиерот Зоран Заев вели дека и да нема датум за преговори, нема да распише предвремени избори.

„Не се размислува за никакви предвремени парламентарни избори, затоа што прво не размислуваме дека ќе добиеме негативна одлука, но и доколку се добие негативна одлука мислам дека не треба да се оди на избори, затоа што треба да се искористи периодот до редовните избори, бидејќи е економски драгоцен за целата трансформација што ни се случува“ изјави Заев и нагласи оти е убеден дека Европскиот совет ќе ја донесе толку долго очекуванатаодлука за почеток на преговори со земјава

Поврзани новости