Жители на Водно останаа без парно оти државата ја продала топланата на контроверзен бизнисмен

by fokus

Жителите на Водно од почетокот на грејната сезона се без парно бидејќи државата минатата година го продала земјиштето на фирма поврзана со контроверзниот бизнисмен, Ангел Кастиљо.

ЕСМ дистибуција на топлина која го презеде управувањето со парното греење не може да влезе во објектот каде се наоѓаат сите цевки и пумпи кои се клучни за снабдување со парно греење.

Од ЕСМ дистрибуција само потврдија дека нема парно греење, но не одгворија на дополнителни прашања.

-ЕСМ Дистрибуција на топлина, посветено и интензивно работи на решение на прекинот на испораката кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок, рекоа од ЕСМ.

Катастарската парцела каде се наоѓа топланата и била во сопственост на АД „Топлификација“ според јавно достапните податоци сега е во сопственост на компанијата „Актрус Вентурес ДООЕЛ“ чиј пак основач е Алан Билент Кастиљо Гонзалес, кој е син на контроверзниот бизнисмен Ангел Гонзалес.

Како што објави „Призма“, Кастиљо во телефонски разговор изјавил дека решил да не ги пушта екипите на ЕСМ затоа што тоа е негов приватен имот и дека тие треба да си платат наем за користење на неговиот објект.

Според нивните податоци, објектот бил продаден во 2022 година, на лицитација по стечајната постапка на АД „Топлификација“.

Поврзани новости