395
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(22) од село Никуштак, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
– На 19 август во 07,30 часот во Куманово во атарот на село Лојане, од страна на полициски службеници забележано е патничко моторно возило „Опел Вектра“ управувано од пријавениот како се движи кон село Ваксинце, кое на даден знак СТОП, не застанало. По кратко време возилото е сопрено и при извршени проверки во возилото се пронајдени осум мигранти од Иран, наведуваат од МВР.
Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје за понатамошна постапка.