Шон Пол во Скопје дозволува да го сликаат само на првите три песни

by Fokus

Реге и хип хоп ѕвездата, Шон Пол, за време на својот голем концерт во Скопје, на 23 – ти август на стадионот на АРМ дозволува фотографирање и снимање само за време на изведувањето на неговите први три песни, односно само во рок од 15 минути од започнувањето на настапот – информираат организаторите. Неговото гостување во Скопје е дел од светската турнеја.

Во Скопје тој доаѓа по концертот во Кардиф, а потоа ја продолжува турнејата во Азија. Музичарот е актуелен на светската сцена околу две децении. Зад себе има шест албуми, а во најава е и новиот, кој треба да излезе годинава. Тој осум пати беше номинаран за наградата Греми, која ја освои во 2004 година за најдобар реге албум. Концертот на Шон Пол во Скопје ќе го отвори Тајзи, а потоа свој сет ќе имаат и Shorty P и Irie Scratch.

-Што се однесува до техничкиот дел и изгледот на сцената – ќе имаме спектакуларна бина чија фронтална димензија е повеќе од 40 метри. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките. Ќе има повеќе од 100 светлосни тела и повеќе квадратни метри лед екрани. За озвучувањето ќе се користи еден од најдобрите звучни системи во светот EAW Anya. Концертот ќе има уште неколку уникатни детали, специфични само за Шон Пол, но тоа нема да го откриеме и ќе го оставиме како изненадување за присутните – велат организаторите, Фјужн продакшн и Акаша букинг.

Вики Клинчарова

Поврзани новости