Крвава пресметка помеѓу неколкумина битолчани, се случи вчеравечер во популарниот ноќен клуб „Расчекор”.
Хаосот настана кога една група гости почнале да фрлаат со шишиња кон друга група, по што почнале да се пресметуваат. Полицијата набрзо пристигна во клубот и употреби средсва за растерување на толпата.
Неофицијално, едно лице од обезбедувањето со повреди во главата бил пренесен на болница, а било претепано уште лице, кое безсознание лежел во клубот.
„Помислив дека е мртов. Тој лежеше на подот, а неколкумина се уште го удираа. Имаше крв по цело тело. Потоа дојде полиција и со солзавец ги растеруваше луѓето. Почнавме да се гушиме и избегавме. “- раскажува еден од очевидците.
Инаку „Расчекор” неколкупати бил место за физичка пресметка меѓу битолчани. Пред неколку години таму се случи и убиство, за кое голем дел од битолската јавност тврди и дека никогаш немало судски епилог.