Зиддојче Цајтунг: Протести во Македонија поради Влада која загубила врска со народот

by Фокус

Во Македонија повторно секоја вечер демонстрираат илјадници луѓе против политиката на една влада, која загубила секаква врска со населението, почнува текстот на германскиот весник „Зиддојче Цајтунг“ со наслов „Искрен гнев“.

-Жителите на Скопје најнапред прилично долго само збунето се исчудуваа. Одеднаш повеќе не живееја во бетонски град, сиров и сив, туку во Антиката. На коцкастите станбени згради се закачени фасади од стиропор, преку реката беа поставени грациозни мостови, јонски столбови никнаа од земјата(…) На почетокот мерките за разубавување делуваа – во зависност од тоа колку набљудувачот е добронамерен- час амбициозно, час бизарно. Во меѓувреме, „Скопје 2014“ стана симбол на една власта која во својата мегаломанија загубила секаков допир со народот, се вели во текстот.

Според текстот, протестите во Македонија не се стратешка одлука за Русија или Западот туку резултат на искрен бес на Македонците поради политиките на власта.

Поврзани новости