Жерновски стравува дека Шиповиќ ќе премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Ова дилема ја има и градоначалникот Андреј Жерновски, кој денеска на прес коференција истакна дека неговите советници се под притисок, па стравува дека некој може да попушти. Рече дека не може да тврди дека Шиповиќ ќе ја смени страната, но истакна дека почуствувал потреба јавно да ги обелодени сомнежите.

Дилемата дали некој од советниците ќе премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се појави откако на дневен ред, по барање на оваа партија се ставија три урбанистички планови, Тасино чешмиче, Капиштец-Водно и Мал Ринг, кои доколку се усвојат, зградата на ГТЦ ќе се облече во барок, а и ќе се прошири, а исто така ќе никне и нов хотел, десетокатница на Водно.

-Во септември советот гласаше за недонесување на овие планови, а истите претходно беа и тргнати од дневен ред, иако на градоначалничкото место седеше Владимир Тодоровиќ. Сега плановите повторно се ставени на дневен ред, што мислам дека е неслучајно, сигурно очекуваат поддршка. Јас сепак се надевам дека нема да ја добијат, рече Жерновски, кој додаде дека во петок ќе се разјаснат овие делиеми и ќе биде појасно зошто Шиповиќ бил апсен, зошто бил држан во притвор, и зошто бил пуштен да се брани од слобода.

Жерновски објасни дека доколку плановите бидат изгласани, нема да се предадат, туку одлуката ќе ја достават до Уставниот суд.

-Нема да подржам нечии бизнис интереси и да подржам донесување на криминални урбанистички планови. Сето ова го прават плански, бидејќи се ќе се случи на последната седница, во петок, за време на годишниот одмор, кога голем дел од граѓаниве не се дома, вели Жерновски.

 

 

 

Поврзани новости