666
Дали ќе се случи пресврт во советот ќе биде познато во петок, бидејќи по барање на советниците од ВМРО-ДПМНЕ , се ставени три урбанистички планови, кои доколку поминат, ГТЦ ќе добие барокно руво, а на Водно ќе се изгради нова десеткатница.
-Не можам да ви кажам како ќе гласам во петок, тогаш ќе видите. Сепак сакам да потенцирам дека јас никогаш нема да гласам позитивно за „Скопје 2014“, рече Шиповиќ.
Претседателот на советот на општината, Шиповиќ, кој помина осум месеци во притвор, истакна дека и тој и градоначалникот имаат посебни ингеренции и секој треба да си ја гледа својата работа.
Шиповиќ истакна и дека немал притисоци од власта за да премине во нивните редови.