Жерновски: Правдата ќе го стигне и Груевски

by fokus

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вчерашното интервју во „360 степени” на Алсат-М телевизија рече дека одложувањето на судењето за случајот „Нарачани шамари од Груевски за Жерновски и демолирањето на општината“ покажува дека Груевски бега од соочување, како и дека причината која е наведена за одложувањето е банална.

Жерновски вели дека тоа покажува дека Груевски е виновен, но убеден е дека правдата наскоро ќе биде задоволена.

За новиот случај  на СЈО „Таргет“, во кој се посочува УБК како нарачател и реализатор на прислушкувањето, Жерновски вели пропаднаа во вода сите лаги на Груевски.

-Пропаднаа во вода сите лаги на Груевски за некакви странски служби и жолти комбиња, сечени лепени и монтирани разговори. По отварање на случајот “Таргет”, јасно е кој прислушкувал и за чии потреби. Потврдено е дека разговорите се вистинити, а со тоа и сите криминали и насилства кои во нив ги слушнавме, изјави Жерновски.

Поврзани новости