Панчевски: Сакаат да го скршат последниот бастион на правдата

by fokus 15:17
15:17

Откако со недели е на мета на јавноста, по скандалот со дивоградбата и бунтот на судиите против него, претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се огласи со интервју на порталот Прес24.

Во него, како и во претходните изјави се жали дека против него се води политичка хајка и дека случајот со неговата градба за која Општина Центар тврди дека е дивоградба, е конструиран.

- Advertisements -

-Се работи за прв од низата настани во  исконструирана агенда за моја лична и професионална дискредитација – вели Панчевски.

Општина Центар веќе му поднесе кривична пријава, а пред два дена му достави и решение со кое бара двата спорни ката да бидат урнати за 15 дена. Панчевски пак поднесе контра кривична, со која бара отшета од 15 000 евра и вели дека случајот ќе го истера до крај.

Бунтот на судиите кои го обвинуваат за злоупотреби, Панчевски вели дека исто така е иссцениран и го поврзува со ист „центар на моќ”. Тој вели дека преку негова лична деградација некој сакал да го уништи и преземе Основниот суд.

-Сето ова е диригирано од еден центар на моќ па затоа и сите овие случувања коинцидирааат во ист период . Интересна е и обоеноста на поддржувачите и пласирачите на вакви информации преку мој медиумски јавен линч. Целта е Кривичниот суд, позицијата претседател на Кривичниот суд, а јас лично сум жртвата во сите овие исконструирани настани. Очигледно некој смета дека може да го скрши последниот бастион на правдата – изјави Панчевски.

Инаку, петнаесеттина судии со писмо до Судскиот совет се пожали од претседателот Панчевски за злоупотреби на судот. Пријавата од раководителот во службата за човечки ресусри пак, Горан Стаменковски, му донесе на Панчевски и трудова инспекција.

Поврзани новости