Жерновски покажа снимки како се вршеле притисоци врз советниците во општина Центар

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски објави снимки за изборните нерегуларности и тврди дека овој модел функционирал и во другите делови низ државата.

– Јасно е дека Груевски нема легитимитет да ја води оваа држава. Бараме оставка на Зврлевски, оставка на раководниот тим на МРТВ и формирање преодна влада. Особени притисоци, имаше таму каде што опозицијата имаше поголеми шанси за победа. Во наредниот период ќе слушнете вакви прес -конференции од цела Македонија, за да видите за жал, кој владее со Република Македонија – истакна Жерновски.

Тој му честита на Ѓеоргиевски, кој, како што можело да се види од снимките не потклекнал на притисоците.

– Имало притисоци и врз други советници. Некаде е нудено поткуп, но ние не потклекнавме. Се ова што го слушнавме, ние го знаевме, зошто знаевме што се случува. Дел од граѓаните поверуваа, дел не. Но, еве сега сите знаат. Општина Центар покажа дека граѓаните не можат да бидат победени. Ако сметаат, дека може да ги игнорираат овие работи, тоа ќе биде нивни проблем. Ние ќе мораме со брзи чекори да ја вратиме довербата во институциите, се поради доброто на државата – тврди Жерновски.

 

Поврзани новости