Жерновски: Не се согласувам со изјавата на Вархеји

by fokus

Андреј Жерновски во вечерашната дебата со Игор Јанушев на ТВ 24 ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека само шири страв и не нуди решенија.

-Не може да функционира вашата стратегија да се скараме со сите и да не разговараме. Мора да продолжиме да разговараме. Најдовме решение со нашите јужни соседи, сега разговараме со Бугарија. Барате избори, не одите на избори. Го слушам вокабуларот дека СДСМ работи против интересите на Македонија. Ве прашувам вас: петти ден не одговарате, Мицкоски искочи и кажа дека викендот се распарчува македонската држава, кој од македонска страна, кој од бугарска страна и како ја распарчуваше македонската држава?, рече Жерновски.

Тој се надоврза и дека не се согласува со изјавата на Оливер Вархеји дека Македонија треба да и излезе во пресрет на Бугарија.

-Не се согласувам со изјавата на Вархеји и многу добро сум запознат со ставовите на земјите членки. Тие сметаат дека не може билатерлни прашања да бидат пречки за евроинтеграциите. Веќе добивме реакции дека ставот на Вархеји е премногу мек, рече Жерновски.

Поврзани новости