ЕВН Македонија ја изгради првата фотонапонската централа од двострани панели во земјата

by fokus

Првата фотонапонска централа во земјата која истовремено произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината се инсталираше во Неготино од страна на ЕВН Македонија. Оваа централа е дел од најсовремените светски технологии, направена од т.н. бифацијални панели кои во горниот дел ја акумулираат директната сончева светлина, додека во долниот дел го акумулираат одблесокот на светлината од рефлектирачкиот материјал дополнително поставен под панелите. Оваа централа се изгради во рекорден период од помалку од 4 месеци.

На официјалното отворање на централата, присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер.

Овој проект се реализираше во рамки на стратегијата за производство на „Зелена енергија“ од страна на Владата.

Честитки за оваа инвестиција, за овој успешно реализиран проект во рамки на јавниот повик на Министерството за економија. Сончевата енергија ја имаме во изобилство, ние сме земја со 280 сончеви денови годишно и најквалитетен „пик на сончева енергија, рече Заев.

Овој проект се реализираше во рамки на владината стратегија за производство на „Зелена енергија“.

Оваа фотонапонска централа е резултат на плодната соработка меѓу државниот и приватиот сектор. Горди сме што нашата компанија вложува во проекти кои се наменети за заштита на животната средина и особено за намалување на загадувањето. За рекордни не полни 4 месеци, успеавме да направиме позитивна промена во насока на подобра енергетска иднина на земјата и за здравјето на нашите граѓани. рече г. Петер.

Бифацијалната фотонапонска централа на ЕВН Македонија во Неготино е составена од 4416 панели со моќност од 335 W, односно инсталирана моќност од 1479 кW и има капацитет од 2,1 GWh за годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија.

Поврзани новости