489
Андреј Жерновски, лидер на опозицискиот ЛДП и градоначалник на општина Центар, на својот фејсбук-профил објави дека до него допрела информација оти директорите на скопските основни и средни училишта биле повикани на состанок во гимназијата „Јосип Броз – Тито“, на кој добиле задача по секоја цена да ги спречат учениците да му се придружат на утрешниот протест организиран од студентите, бидејќи тоа ќе влијаело на нивните оценки.
„Се одело до таму, во среда, по наредба, да се закажуваат испитувања и тестирања, без никакво оправдувања за непослушниците. Македонската демократија на дело!“, напиша Жерновски.