Запален автомобил на велешка судијка

by Фокус

Речиси целосно изгоре автомобилот на велешката судијка, Габриела Гајдова, кој синоќа бил запален, додека бил паркиран пред семејната куќа. Автомобилот „опел астра“, стар пет години бил уништен од пожарот, но за среќа огнот не ја зафатил куќата.

Од МВР информираат дека пожарот се случил околу 21 часот, а откако настанот бил пријавен, увид на местото извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

Засега не е познато кој го подметнал пожарот на судијката која е вклучена во судскиот случај „Ореше“, како член на судечкиот совет. Пред неколку месеци беа запалени и автомобилите на судиите од Велес, Орце Лазаров и судијата Шефшет Адеми.

Поврзани новости