Ниту 15-метарска кула ќе се гради, ниту цвет или дрвце ќе пипнам во Дебар Маало. Ова вчера на јавната дебата за ДУП „Дебар Маало“ го истакна градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Тој објаснува со какви притисоци и казни се соочува од централната власт, не дозволувајќи да градат што сакаат и каде сакаат.
– Само јас знам низ какви притисоци минувам низ овие две години. На седница на совет вчера донесовме забрана за градање на одредена локација, за 4 месеци, се’ со цел да не се изгради катна гаража, бидејќи граѓаните го бараа тоа. За ова, досега имам 2 казни од 7.500 до 15.000 евра, казни кои ги платив лично јас. Ние немаме намера да носиме ноќе ДУП-ови, како претходниците. Вие знаете дека на општината и’ се одземени ингеренциите за фасадите. За нив сега одлучува Град Скопје, со цел да се постават барокни фасади – тврдиЖерновски.
Градоначалникот на граѓаните им вети дека ниту дека невладиниот сектор не може да најде подобар партнер од општина Центар, ниту пак општина Центар од невладиниот сектор. Овој ДУП за Дебар Маало, вели тој, ги покажува намерите на централната власт и на што се’ се спремни за Дебар Маало..
– На спорниот објект кај ПУИГ општината ќе стави само зеленило. Тоа ќе биде и кај Министерството за култура и кај Катната гаража. Ве молам за заедничка битка. Ако се собереме сите, тврдам дека багер нема да смее да дојде. Мора да бидеме сите заедно, бидејќи Дебар Маало е ‘најсилувано’ маало. Ова ќе биде поттик и за идните градоначалници и идната централна власт. Ќе мора да знаат дека гласот на граѓаните мора да се почитува – истакна Жерновски.