Скопската обиколница повторно затворена

by Фокус

Скопската обиколница на делот од клучката Хиподром до клучката Сарај денеска од 7 до 19 часот ќе биде затворена за сообраќај. Тоа е по дозвола на Министерството на транспорт и врски, поради снимањето на францускиот филм.

Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 1 септември до 30 ноември државниот пат А3 делница Битола – Макази, фаза 1 од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Поврзани новости