Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски се заблагодари на жителите на Центар кои излегоа на референдумот и го дадоа својот глас за ГТЦ. Иако референдумот законски не е успешен сепак тој најави дека битката продолжува. Сепак и со 40 отсто излезност резултатот, спроед него, е голем и до сега немало никој што имал толку гласови.
„Сведоци сме на сценарио кои се повтори-притисоци на јавната администрација, префлање на гласачи од едно на друго место. Над 95 проценти од оние што излегоа на референдум гласаа за зачувување на автентичноста на ГТЦ. Тоа значи дека ниту една власт не смее да го чепне ГТЦ, тоа значи дека Центар го доби најголемиот резултат досега во општина Центар. За мене овој референдум е прв чекор на враќање на власта кон гласачите, а јас како градоначалник се ќе направам ГТЦ да остане како што е“ – рече Жерновски.
Според пресметките на општина Центар дури 95 отсто од излезените гласале за стариот изглед на ГТЦ, но тоа сепак не доволно.
„50 проценти е многу во оваа и ваква ситуација, посебно со овој избирачки список каков што е, но и со притисокот од власта да не се оди на гласање што не можам никако да го разберам. Ова беше едно од средствата за зачувување на ГТЦ, ова беше надпартиско гласање сепак и барокот во Центар не може да помине“- заврши Жерновски.