Секогаш е подобро чесно и гордо да паднете, отколку нечесно и без борба да успеете!

by lali

Ние како народ поради недоволниот успех во било каква категорија, секоја еуфорија по неуспех брзо ја трансформираме во длабоко разочарување. Тоа изгледа е поради неискуството а и во преголемата вложеност на емоции, но баш ваквите процеси како референдумот постепено не мотивираат и ни помагаат за понатаму. Здраво и демократско општество е долгогодишен процес а не еднократна битка. Центар бил и ќе остане бастион на тие постепени промени и еден „неуспех“ не може да не разочара, дефокусира или спречи да не продолжиме понатаму и се бориме за она кое мислиме дека како граѓани ни следува и не става во позиција дирекно да одлучуваме.

Кампањата за ГТЦ беше една од најпозитивните кампањи спроведени во Македонија, направена од срце и солидарност на поединци и група на луѓе што безусловно сакаат да помогнат во развојот на независноста и правото на одлука. ГТЦ обедини над 18 000 дирекни гласачи и можеби уште толку граѓани кои не гласаа ама помогнаа во кампањата. И тоа за мене е мал но доволен повод да верувам дека сме на добар пат во тој долгодишен процес на изградба од здраво и демократско граѓанско општество.