МОСТ: Референдумот заврши со 40 отсто излезени граѓани

by Фокус

Невладината организација „Мост објави дека до 19 часот за референдумот на ГТЦ гласале 40, 46 отсто од граѓаните.

Според обработените податоци од 91 отсто од гласачките места, резултатите од гласањето се следни: 96,2 отсто гласале „за“, а 3,8 отсто гласале „против“ референдумското прашање: „Дали сте да се зачува автентичниот изглед на ГТЦ“.

МОСТ преку неколку прес конференции цел ден известуваше за низа неправилности од кои најсериозни беа тие дека некои гласачи ги немало на списокот.

Со тоа законскиот лимит од 50 отсто не е исполнет, но сепак 40-те отсто излезени граѓани може да се сметаат за висока бројка.

Поврзани новости