Жените во земјава живеат подолго од мажите за 3,8 години

by fokus

Жените во Северна Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години, покажуваат податоците на Евростат.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Жените во Србија живеат подолго од мажите за пет години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години.

Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години.

Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години.

Поврзани новости