Жената која ги загуби сопругот и бебето во сообраќајката кај „Млечен“: Сите тие се штитат меѓу себе!

by fokus

Наташа Димитриевска, која ги загуби сопругот и бебето во сообраќајката кај „Млечен ресторан“ се огласи денеска и  го сподели одговорот на Советот за јавни обвинители, по жалбата која ја поднесе.

-Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе, напиша Димитриевска.

Советот на јавни обвинители во одговорот вели дека нема да преземе никакви дејствија за обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, бидејќи постапила според закон.

Поврзани новости