Жена во Хрватска удрила дете на пешачки, го преместила и го оставила без свест

by Fokus

Жена во Хрватска удрила дете на пешачки, го преместила и го оставила без свест, известија од Вуковарско-Сремската полиција, кои вчера во 19 часот добиле пријава за сообраќајна незгода на улица во Вуковар во која е повреден малолетник.

„Полициските службеници по пристигнувањето на местото на настанот утврдиле дека непознат возач со непознато возило се оддалечил од местото на сообраќајната незгода откако налетал на малолетниот пешак кој поминувал коловоз на обележан пешачки премин. На малолетникот му била укажана итна медицинска помош во НМБ „Д-р Јурај Њавро“ во Вуковар, каде е констатирано дека е тешко повреден“, наведуваат оттаму.

Полицијата во 22 часот во Борово пронашла автомобил со вуковарска регистрација, возило за кое се утврдило дека е поврзано со сообраќајната незгода, а со него управувала 38-годишна жена, која била уапсена.

Поврзани новости