Единствено санкции кон Русија, ако економијата и граѓаните трпат штети, вели Дачиќ

by Fokus

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија ја оставила отворена можноста да се смени одлуката за воведување санкции кон Русија поради нападот на Украина, доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправлива штета, јави дописникот на МИА од Белград.

Бидејќи одлуката (на Советот за национална безбедност на Србија) се уште е во сила, тоа значи дека се уште го немаме тој случај, изјави Дачиќ за Курир и додаде дека во интерес на Србија е да не воведува санкции кон Русија, но да следи како таа одлука се одразува на српската економија.

Според него, освен притисокот врз Србија поради невоведувањето санкции, намалена е и надворешно трговската размена меѓу двете земји, додека „во некои западни земји кои воведоа санкции кон Русија таа е зголемена“.

Коментирајќи ги изјавите на министерот за економија Рад Баста, член на Единствена Србија, која е во коалиција со Социјалистичката партија на Србија на Дачиќ, дека Србија треба да воведе санкции кон Русија, Дачиќ повтори дека неговата партија и сите нивни членови на владата стојат зад одлуката на Советот за национална безбедност и државна политика.

-Се додека се во сила нашата одлука и нашата политика во однос на санкциите, ние постојано ќе ја почитуваме, рече Дачиќ.

Поврзани новости