Жена се задуши во пожар во Прилеп, пожарникари и го нашле телото

by fokus

Осумдесет и двегодишна старица од Прилеп починала откако во нејзиниот дом синоќа околу 20 часот избувнал пожар. Според полицијата пожарот избил вчера околу 20.00 часот, а жената најверојатно за задушила од часот.

„На 23.12.2018 година околу 20,00 часот во Прилеп на улица „Митко Цветановски“ во куќа сопственост на М.К.(82) избувнал пожар. Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Во куќата пронајдена е почината М.К., а смртта настапила најверојатно од задушување со чад. Извршен е увид на местото на настанот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости