180
Седумдесет и осумгодишна жена од Крива Паланка починала во возило на Итната помош, на пат кон кумановската болница.
– На 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово е пријавено дека на место викано „Света Петка“, општина Старо Нагоричане во возило од Итна медицинска помош Крива Паланка починала пациентката М.Т.(78) од Крива Паланка при пренос кон Општа болница Куманово – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.