Маслото од канабис и сувиот цвет се продавале како суво злато, свртени 350 милиони евра во македонскиот бизнис со марихуана

by valentina 09:52
09:52

Околу 350 милиони евра се свртеле на легалниот пазар на кој се продава масло од канабис и сув цвет. Поточно, неколку од 60-тината фирми од Македонија, кои се лиценцирани за одгледување на медицинска марихуана, од 2020 година до сега, извезле масло од канабис и сув цвет, во оваа вредност.

„Фокус“ направи пресметка од податоците кои ги добивме од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), како надлежна институција за производство и ставање во промет на канабисот, одгледуван за медицински цели. Заклучокот е дека маслото од канабис на европскиот пазар почнало да се продава од 2020 година и за овој период биле извезени 3,456 килограми масло. Најголемо количество било продадено лани, кога било извезено над еден тон. Но, бидејќи бројките на извезеното количество не ја доловуваат целосната слика на овој успешен бизнис, направивме пресметка во евра.

Доброупатени извори, вклучени во овој пазар, за „Фокус“ откриваат дека еден килограм висококвалитетно масло од марихуана се извезува за цена од околу 80.000 евра. Оттука, математиката покажува дека вкупно произведеното масло од 3,456 кг можело да се продаде за сума од 276.480.000 евра.
Високата продажна цена од околу 80.000 евра по килограм ја диктира квалитетот на маслото, односно станува збор за фармацевтско медицинско масло со високи концентрации на активни канабиноиди (CBD или THC).

Продажбата на сувиот цвет, пак, не одеше лесно и почна дури во 2022 година. Оттогаш досега биле извезени над 20 тони, или прецизно, 20,563 килограми сув цвет од канабис. Најголемо количество било извезено минатата година, или по легален пат лани излегле над 10 тони сув цвет.
Ако, пак, зборуваме во евра, простата математика покажува дека македонските фирми, вкупниот извозен сув цвет го продале од 60 до 80 милиони евра. До оваа сума се доаѓа бидејќи, според нашите соговорници, еден килограм на легалниот пазар се продава од три до четири илјади евра.

Пишува: Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Слични вести