Жена почина чекајќи автобус на булеварот „ВМРО“

by fokus

На 67-годишна жена и се слошило чекајќи автобус на автобуска постојка на булеварот „ВМРО“, по што таа починала, информираат од МВР.

„На 06.04.2019 година во 09,30 часот во Полициската станица Центар од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ во Скопје, на автобуската постојка, при интервенција на повик дека имало женско лице на кое му се слошило и паднало, кај истото била констатирана смрт без траги на насилство. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдено е дека починатата е Б.Д.А.(67) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости