Жена од Кина на работен состанок му пренела корона вирус на Германец

by fokus

Првиот човек во Германија кој е заразен од смртоносниот коронавирус е 33-годишен маж, кој што работел во Штарнберг, јужно од Минхен.

Како што јавува Си-ен-ен, тој не патувал во Кина, туку вирусот го добил во Германија.

Имено, германецот бил на работен состанок со жена од Кина во Штарнберг. Откако таа се вратила во Пекинг, започнала да се чувствува лошо и направила тест за коронавирус кој што бил позитивен. Потоа ги известила соработниците од Германија за случајот.

Вирусот откриен пред два месеци во Кина веќе однесе 107 жртви. Според последните информации, заразени се најмалку 4.000 луѓе.

 

Поврзани новости