423
МВР информира дека вчера во 18.50 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Полициската станица Карпош ја лишиле од слобода В.П.(40) од Скопје, поради тоа што околу 15.40 часот во казино агресивно се однесувала и физички нападнала лице вработено како обезбедување кое вршело службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.