Жбогар: Време е да се избере спикер и влада

by fokus 15:45
15:45

Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира владата, изјави шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, при денешната посета на општина Неготино во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

-Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи – рече Жбогар.

- Advertisements -

Евроамбасадорот во Неготино се сретна со градоначалникот Ванчо Апостолов и ги посети проектите финансирани од ЕУ.

– Секогаш постои вистинско време за многу прашања. Имаше време кое беше одредено за избори и време кое беше одделено за дискуси и за дебати после изборите. Мислам дека е сега време да се постави потребата за формирање на институциите – одговори Жбогар на новинарско прашање за политичката ситуација во земјава.

 

Поврзани новости