Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самоел Жбогар , по средбата што ја имаше со градоначалникот на Дебар, Ружди Лата изјави дека ЕУ ќе продолжи да финансира проекти во Македонија.
-Местото на земјите од Западен Балкан е во Европската Унија, но тие треба да исполнат одредени услови кои се потребни за влез во Унијата. Поради тоа ЕУ ќе продолжи да финасира проекти во Македонија, а со тоа и во Дебар каде до сега исто така се реализирани повеке проекти кои се поддржани финасиски од страна на ЕУ, рече Жбогар.
Жбогар додаде дека Европската комисија на 6 февруари ја усвои Стратегијата за финансиска поддршка на земјите од Западен Балкан, за кои се предвидени 5оо милиони евра, со што и во Македонија ќе има бројни ефекти за социјално економски проекти.
Амбасадорот на ЕУ рече дека и во Дебар се спроведени проекти со финасиска подршка на ЕУ, како што се патот Дебар – Бањиште , потоа тротоарите кон Дебарското езеро и други. Тој додаде дека финансиската подршка за Дебар ќе продолжи и во наредниот период.