Штајнмаер: Решението на спорот за името ќе влијае на стабилноста

by fokus

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Германија се сретна и со германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер. Германскиот претседател рекол дека решение на спорот со Грција за името ќе даде позитивен импулс за целиот регион и значително ќе влијае на стабилноста.

Владината прес служба соопшти дека соговорниците го оцениле досегашниот развој на односите меѓу двете земји како исклучително позитивен и динамичен. Заев и Штајнмаер се согласиле дека овие релации ќе продолжат и понатаму, и дека се од особено значење за претстојниот клучен период за Македонија.

Соговорниците размениле мислења и за активната соработка во сферата на безбедноста и одбранбените политики и членството на Македонија во НАТО. Штајнмаер посочил дека ги почитува напорите на македонската Влада и оценил дека се направени видливи и значајни промени во придвижувањето на земјата напред и спроведување на реформите.

Поврзани новости